Свет

Во Хрватска од 1 јануар задолжителен воен рок од два месеца, зошто?

Хрватска враќа задолжителен воен рок, што ќе стапи на сила на 1 јануари. Министерот за одбрана Иван Анушиќ изјави дека воениот рок ќе трае два месеца.

„Воениот рок ќе трае два месеца. Мислам дека ќе имаме многу подобра, посилна и поквалитетна слика на вооружените сили од досега. Ставот на владата е дека нема простор за штедење кога станува збор за вооружените сили на Хрватска“, изјави Анушиќ.

Хрватска никогаш не го укина воениот рок, туку го замрзна во 2008, со што во земјата веќе постојат законодавство и пракса според која обуката се одвиваше порано, се правдаат од министерството.

Воениот рок од два месеца треба да се состои од темелна пешадиска обука и регрутите нема дополнително да се праќаат на специјалистичка обука во одделни родови на војската. Во Хрватска, два месеца трае и доброволната воена обука, па се очекува овој модел да се преслика и во задолжителното служење.

Оние воени обврзници кои ќе се повикаат на совеста и ќе одбијат да служат воен рок, ќе мора да служат цивилно, што би можело да трае двојно подолго.

Зошто токму сега се покренува прашањето на повторно служење на воениот рок во повеќе словенски и источноевропски земји е повеќе од јасно, веќе припремата за поголема ескалација на судирите насекаде во светот е во полн залет.

Откако помисливме дека убивањето на млади момчиња за туѓи цели и интереси, како украинците во име на англо-американците каде се регрутира целата машка популација до 59 години,  е завршено, сепак ваквите најави се навистина загрижувачки

Тагови

Поврзани вести