Словенечката полиција изрече казни во вредност од речиси 6 милиони евра во период подолг од две години додека траеше заканата од инфекција со тогаш новата болест ковид-19. Меѓу нив беше и доставувачот на храна кој накратко застанал на скалите на блиската црква во Љубљана. Тој седна, ја извади маската, која тогаш беше задолжителна на јавни места и токму кога требаше да започне да јаде од топлиот бурек, полицијата го опколи.Сцената е снимена со камера. А фотографијата на која полицијата го опкружува работникот, кој им носел храна на други, поради вадење на маската набрзо стана позната. Ова е еден од симболите за диктаторските и терористички мерки кои државите низ светот како во хор и во еден глас ги превземаа за тероризирање на своето население. Сега тој доставувач ќе си ги врати парите и ќе му биде избришано полициското досие. Истото важи и за повеќе од 60.000 други Словенци кои ги прекршиле мерките против ковид. Ова го исполни ветувањето дадено од премиерот Роберт Голоб пред неговото централно-левичарско Движење за слобода да биде избрано минатата година. Претходната десничарска администрација, предводена од поранешниот премиер Јанез Јанша, воведе строги диктаторски ограничувања на слободата на движење и собирање. На различни места, на Словенците не им беше дозволено да патуваат надвор од нивните локални области – а полициски час беше на сила ноќе. Никој од поставените политичари со сега не сноси одговорност за спроведување на диктатура и терор врз сопственото население, истото важи и за медиумите и новинарите кој ја пласираа пропагандата и јавно поддржуваа и ширеа страв во сопствените држави. Последици и казни нема ни за таканаречените "фејк корона чекери" кои со својата диригирана наредба спечуваа слобода на говор и јавно искажување со тоа што смислено ја исклучуваа можноста за објава на вистината за целиот проект.