Македонија
Угина и последната жирафа во скопската Зоолошка градина
Скопската Зоолошга градина остана и без последна жирафа откако вчера, според се уште неофицијални инфорамции, починала жирафата Флопи. Ваква вест вчера објавија повеќе медиуми но официјална потврда од надлежните во оваа институција се уште не е објавена.
Информацијата дека угинала и последната жирафа вчера се надоврза на веста дека починал Ристе Трајковски, чуварот и негувател во скопската Золошка градина. Тој беше многу познат по тоа што многу ги сакаше и се грижеше за жирафите.
Кои се причините за угинувањето на жирафата Флопи се уште не е познато. Се наведува само дека вработените неколку часа се обидувале да го спасат животното.
Претходно од починаа жирафите Каспер и Тобаго, потоа со силен отров беа отруени ретките пржевалски коњи, по што ЗОО Скопје го изгуби и статусот за кандидат во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми – ЕАЗА