Свет

Угинаа повеќе од 50 китови откако се насукале во Западна Австралија

Повеќе од 50 китови угинаа откако се насукаа на плажа во Западна Австралија, соопштија денеска официјални лица.

Морски експерти и волонтери кампуваа во текот на ноќта на плажа на повеќе од 450 километри југоисточно од Перт, Западна Австралија, откако китовите беа пронајдени насукани во близина на плажата.

„За жал, 51 кит угина во текот на ноќта по масовно насукување“, соопшти Службата за паркови и диви животни на Западна Австралија.

„Заедно со регистрирани волонтери и други организации, се обидуваме да ги вратиме преостанатите 46 китови во подлабоките води во текот на денот“, додаваат тие. Китовите се познати по своите силни социјални врски, па кога еден од нив ќе се најде во неволја, другите обично го следат.

Австралија и соседниот Нов Зеланд се жаришта за масовно насукување на китови и делфини поради големите колонии кои живеат во длабоките океани кои ги опкружуваат овие островски нации, но причината зошто тие остануваат заробени на плажите останува мистерија.

Тагови

Поврзани вести