ВестиЗабаваНастаниПатувањаСвет

Туристичко патување во Вселената

Орион Спан наскоро ќе почне со услугата – туристичко патување надвор од нашата планета

Франк Бунгер на Спејс 2.0 самитот во Калифорнија, го најави овој проект, а според него, луксузниот вселенски хотел наречен Аурора Стејшн ќе биде лансиран во 2021 година. Првите гости ќе можат да резервираат соба во 2022 година.

Што се однесува до цената, малкумина ќе можат да си го дозволат ова туристичко патување. За 12 дена престој во Вселената, ќе треба да се издвојат точно 9,5 милиони долари.

Во хотелот можат да престојуваат шест лица, односно четири патници и два члена на екипажот. Пред самото патување, туристите ќе мора да минат тримесечна подготовка во Хјустон.

Поврзани вести