Свет

Трамп глумеше комуналец како одговор на гафот на бајден дека неговите гласачи се ѓубре

Доналд Трамп се возеше во ѓубретарски камион на кој беше испишано неговото име и носеше портокалов елек како одговор на гафот на Џо Бајден, кој кажа дека гласачите на републиканците се ѓубре.

„Како ви се допаѓа мојот ѓубретарски камион? Ова е во чест на Камала и Џо Бајден. Тие сакаат да мислат дека оние кои гласаат за мене се ѓубре“, кажа Трамп при посетата на градот Грин Беј во Висконсин.

Театралниот настап на Трамп беше реакција на претходна изјава на Бајден, кој направи голем гаф кога сакаше да го осуди комичарот Том Хинчклиф, кој на големиот републикански собир во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк кажа дека Порторико е пловечки остров на ѓубре, од што кампањата на Трамп се огради.

„Единственото ѓубре што го гледам како плови се неговите поддржувачи“, кажа Бајден во средата, по што веднаш се обиде да се извади оти мисли дека „демонизирањето на Латиноамериканците од страна на Трамп е неразумно и неамериканско“.

„Сакам да кажам дека 250 милиони Американци не се ѓубре. Оваа недела, Камала Харис ги спореди своите политички противници со најлошите сериски убијци во историјата, а сега Бајден го кажа она што тој и таа го мислат за нашите поддржувачи: дека се ѓубре“, кажа Трамп.

Тагови

Поврзани вести