Клима

Снегот и студот можно е да пристигнат следната недела

Поларниот вртлог кој следната седмица ќе се спушти на Балканот ќе го донесе првиот снег на планините, особено во Словенија, Хрватска и во Босна и Херцеговина, најавува метеорологот Славчо Попоски.

Како што објави тој се работи за поинтензивни врнежи од снег (локално над 40 – 50 сантиметри).

„Да напоменеме дека снежната граница може да се спушти и до 1000, па и под 1000 метри надморска височина“, вели Поповски.

И медиумите во регионот пишуваат дека од недела следува голема промена на временските услови на Балканот, односно студен фронт ќе се спушти од северозападот на Европа.

Врнежите од дожд што ќе ја зафатат Хрватска, во недела вечерта и понеделник, ќе залади повеќе, па така на врнежите од дожд на планините ќе преминат во снег. Температурите ќе бидат пониски за десет степени.

Додека оваа прогноза се ограничува само на повисоките места, словенечкиот портал „Neurje.si“ најавува повеќе снег. За западниот дел на Словенија во периодот од недела до понеделник прогнозираат и нешто поголемо количество дожд.

Следат силни ветрови, обилни врнежи од дожд, и снег на планините.

Какво време не очекува во ноември?

Што се однесува до временската прогноза за ноември, се очекуваат обилни врнежи. Некаде ќе има дури и поплави, вели српскиот метеоролог Иван Ристиќ.

„Поплавите се случуваат кога количината на врнежи за кратко време ќе надмине 20 мм во населените места и 40 мм во планинските места. Температурата ќе биде календарски и постепено ќе се намалува во текот на ноември. Утринските температури на воздухот ќе бидат од 2 до 8 степени, а највисоките дневни од 7 до 15 Целзиусови степени“, најави Ристиќ.

Тагови

Поврзани вести