Клима
Следува уште потопло време
Сончево и многу топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 20°C, а максималната од 31 до 39°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
11 Лазарополе, 14 Берово, 15 Крива Паланка, Претор, Попова Шапка, 16 Тетово, Маврови Анови, Охрид, Битола, 17 Струмица, Дебар, 18 Скопје-Петровец, Прилеп, Куманово, Гевгелија, Крушево, 19 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Дојран, Велес, 20 Демир Капија, Кавадарци, Виница.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 20.0, Преспанско Езеро 18.5, Дојранско Езеро 24.8.