Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени. Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Позначителен пад на температура ќе има од среда.