Македонија
Скопје на 35 степени се „гуши“ во ѓубре и смрдеа
Скопје и денеска се гуши во сметот од преполните контејнери. И покрај тоа што уште во текот на вчерашниот ден беше најавено дека вработените во комунална хигиена ќе излезат на терен и ќе почнат да расчистуваат, денеска ситуацијата е по старо , исто како во изминатите денови.
Контејнерите не само што се преполни, ѓубрето е распослано и околу нив, па дури и во тревните површини. И она малку што изутрината е собрано е само од контијенирете на фрекфентните места, но ѓубрето наталожено околу нив од изминативе 4 дена, улични мачки и кучиња го ратргнале насекаде. граѓаните на социјалните мрежи објавуваат и ведеа од стаорци кои веќе се појавиле по скопските улици. Хаос, катастрофа, оставка – ова се најчестите одговори кои ги добивме од граѓаните.