Настани
Скелет од диносаурус е продаден за 44,6 милиони долари на аукција во Њујорк
Голем скелет од диносаурус е продаден на аукција во Њујорк за 44,6 милиони долари, што е највисока сума платена некогаш за фосил.
Аукциската куќа Сотби објави дека скелетот на стегосаурус, тревојад, кој го доби името Апекс, е висок 3,4 метри и долг 8,2 метри од носот до опашката и е еден од најдобро сочуваните целосни скелетни остатоци што некогаш биле пронајдени.
Скелетот бил продаден на анонимен купувач кој рекол дека Апекс е роден во Америка и ќе остане таму, наведува Би-би-си.
Палеонтологот Џејсон Купер го открил Апекс случајно во 2022 година, недалеку од градот Диносаурус, во државата Колорадо.
Скелетот беше продаден за 11 пати повисока сума од проценките пред аукцијата, а аплаузот во таа прилика траеше цели 15 минути.
На наддавањето учествуваа седум купувачи.
Апекс одел по земјата пред околу 150 милиони години за време на периодот на доцниот Јура.
Претходниот фосил на диносаурус, односно тираносаурус рекс по име Стен, беше продаден во 2020 година за 31,8 милиони долари.