Клима

СЗО предупредува од катастрофа: „Итно мора да се справиме со климатската криза“

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, истакна дека очајно и итно е неопходно да се справиме со климатската криза.

Потсетувајќи на 60.000 смртни случаи во Европа минатата година поради екстремни горештини, Клуге рече дека бројот на смртни случаи од екстремни горештини се очекува „да се зголемува од година на година“, објави „Синхуа“.

„Сегашните опасни зони ги вклучуваат јужна и источна Европа“, рече Клуге повикувајќи ја јавноста редовно да ги проверува временските извештаи, да ги следи локалните упатства и да се информира за здравствените ризици поврзани со временските услови.

„Покрај приспособувањето на новата реалност ова лето, мора да ги гледаме и годините и децениите што ни претстојат“, рече Клуге и нагласи дека климатската криза претставува егзистенцијална закана за човечкиот род.

Инаку СЗО го изгуби кредибилитетот со низа погрешни или смислено погрешни мерки за време на проектот наречен пандемија со вирус кој многу тешко може да го врати.

Тагови

Поврзани вести