Македонија

“С…” постои само во главите на Атињаните, квислинзите и слугите

Билатералните односи со соседната земја и нејзиниот европски пат зависат од целосното спроведување на насилно наметнатиот т.н. “Договорот од Нивици” и употребата на уставното име, соопштија од Министерството за надворешни работи на Атина за инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова и употребата на името „Македонија“ и посочија дека оваа постапка претставува прекршување и на договорот и на Уставот, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина повторно се заканува и се меша во внатрешните работи на Македонија со помош на квислинз во ДУИ и СДС, медиумите кои се под контрола на странски служби и новинари кои работат за Атинскиот интерес (денеска можевме да ги забележиме кои се тие медиуми и новинари)

Инаку Атина треба под итно да го почитува одлуката од меѓународниот суд на правда и да не се меша во одлуките на Македонците и што поскоро да се зафати со реформа и прогрес на нивната држава во демократијата и правата на граѓаните.

Атина треба да почне да се занимава со Македонците во Беломорскиот дел на Македонија и тоа веднаш со внесување на Македонците во уставот, со отварање на училишта на македонски јазик, Македонски универзитет во Солун, етничка застапеност на Македонците во државната администрација, рамноправна застапеност на Македонците во владата, воведување двојазичност, отварање на телевизии, весници, портали на Македонски јазик…итн.

Тагови

Поврзани вести