Македонија

СДСМ и ДУИ гласаа против продолжување на важноста на пасошите!

Македонските граѓани остануваат заробени во сопствената држава откако денеска во Собранието не поминаа измените на законот за продолжување на рокот на пасошите со старото име.

Со 54 гласови „Против“ и 46 „За“ не поминаа измените кои ќе им овозможеа на граѓаните да излезат од земјава со своите важечки пасоши.

Владејачката коалиција СДСМ-ДУИ гласајќи против не даде поддршка на измените и со тоа го потврди заробувањето на стотици илјади македонци и јавно ја потврди антимакедонската политика и квислиншката полтронска позиција како слуги на надворешни непријатели на Македонија!

Инаку слободно може да патувате со старите пасоши насекаде во светот, проблемот е што самонаречената окупаторска власт т.н. “северна” не допушта да се излезе од неа.

Досега само Швајцарија официјално ја имформираше земјава дека продолжува да ги признава старите пасоши чиј рок не е истечен, а пред некој ден амбасадорката на Хрватска во земјава информираше дека и во оваа земја македонските државјани нема да имаат проблем.

На оние на кои сеуште не им е јасно: За кого работи оваа власт, за народот или за непријателите на Македонија и Македонците?

 

Тагови

Поврзани вести