Видливоста ќе се подобри кон крајот на неделата кога се очекува да помине студен атмосферски фронт со засилен западен ветер. Ќе има краткотрајни локализирани врнежи од пролетен тип – со силна активност на грмежи и потенцијал за појава на град. На почетокот на април се очекува значителен пораст на температурите во балканскиот регион. Последните денови од март и првите денови од април ќе бидат сончеви и топли. Од петок до недела нема да има врнежи, а температурите ќе бидат околу и над 25 степени. На самиот почеток на април температурите ќе достигнат околу 30 степени, најавуваат метеролозите од регионот.