Свет
САД ја повлекуваат својата војска од Нигер
Повеќе од 1.000 американски војници ќе го напуштат Нигер во наредните месеци, објави Њујорк Тајмс. Американски извори потврдиле дека веќе е постигнат договор за тоа меѓу заменик државниот секретар на САД Курт Кемпбел и раководството на Нигер, пренесува БТА.
Американската војска во Нигер е стационирана во две бази, вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала позната како авиоабаза 201, изградена во близина на Агадез во централниот дел на Нигер.
Од 2018 година, базата се користи против милитантите од Исламската држава и Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин, исламистичка организација поврзана со Ал Каеда, во регионот Сахел . Ова е смешното оправдание на САД за базата која служеше за контрола на власта и окупација на Нигер кој изобилува со рудни богатства поточно ураниум потребен за работа на нуклеарните централи.
Армијата на Нигер ја презеде власта. Нигер беше клучна колонија на САД и Франција. Но, новите власти во Нигер им се придружија на хунтите во соседните Мали и Буркина Фасо и ги прекинаа воените договори со своите некогашни окупатори од Вашингтон и Париз, напуштајќи го регионалниот политички и економски блок ECOWAS.
Во наредните денови треба да се разговара за тоа како ќе се одвива повлекување на американските војници војници од Нигер.