Свет

Разузнавачките служби “добија правото” да држат под надзор политичка партија во Германија, вклучително и прислушувањето

Највисокиот германски суд денеска (13 мај) пресуди дека домашните безбедносни служби можат да продолжат да ја третираат екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) како потенцијално екстремистичка партија.

Одлуката на судот значи дека разузнавачките служби го задржуваат правото да ја држат АфД под надзор, вклучително и прислушувањето.

Германското разузнавање ги класифицираше и АфД и нејзината младинска организација Јунге Алтернатива (ЈА) како “можни” десничарски екстремистички групи.

АфД, која продолжува да е на врвот на анкетите во неколку источни држави кои ќе одат на избори подоцна оваа година, е под зголемена контрола поради наводните расистички изјави на нејзините членови, како и наводите дека во нејзините редови има руски и кинески шпиони и агенти.

Пресудата на повисокиот управен суд во Минстер ја потврдува претходната одлука на понискиот суд во Келн.

Пренесува: Радио слободна Европа

Инаку АФД е во голем раст и прогрес, а има и висока подршка од гласачите во Германија.

Тагови

Поврзани вести