Свет

Путин и Виткоф денеска на средба – дали следува поместување во мировните преговори за Украина?

Во насока на засилените дипломатски напори за запирање на војната во Украина, рускиот претседател Владимир Путин денеска попладне ќе го прими специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, во Кремљ. Посетата доаѓа по серија интензивни контакти меѓу Вашингтон, Киев и Москва, а во Москва се очекува да присуствува и Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп и неформален советник во процесот.

Средбата следува веднаш по дводневните консултации во Флорида, каде украински и американски претставници заеднички работеле на усовршување на мировниот предлог поддржан од администрацијата во Вашингтон. Планот се смета за поповолен за Москва, но украинскиот претседател Володимир Зеленски, иако разговорите ги оцени како конструктивни, предупреди дека остануваат „тешки точки“ кои мора да се расчистат.

Тагови

Поврзани вести