
По силниот земјотрес што синоќа ги вознемири граѓаните, професорот Ивица Милевски од Природно-математичкиот факултет (ПМФ) излезе со смирувачка порака и научно објаснување за потресот.
Тој истакна дека нема место за паника, туку се работи за природен геолошки процес на „немирната“ Шар Планина., малку по малку, а ние може да си одмориме.
Во коментарот кој што тој го остави под објавата, вели дека според тоа што го знаел и работел, за тектониката на Шара и поширокиот регион, нема никакви причини за страв и паника.
„Пред спиење, само можам да кажам, врз основа на она што го знам и сум го работел за тектониката на Шар Планина и поширокиот регион (сепак сум геоморфолог, не сеизмолог), дека навистина нема причини за страв или паника, ниту на подрачје Тетово-Гостивар, а уште помалку кон Скопје и други делови од Македонија подалеку од Шарскиот предел. Дури и да здрма пак, шансите за нешто опасно и ризично од овој земјотрес (или евентуални последователни) се речиси никакви (поголеми шанси се од паника и страв да си се повредиме)“, напиша Милевски.



