Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и изолирана појава на град. Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 12°C, а максимумот од 22 до 29°C. Информација од утрово: Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C) Охридско Езеро 13.5, Преспанско Езеро 11.5, Дојранско Езеро 19.6.