Клима

Пролетта доаѓа порано: Март потопол од просекот

Според најновите прогностички анализи, годинашната пролет би можела да пристигне порано од вообичаено. Очекувањата се дека овој месец ќе биде за околу еден степен потопол од триесетгодишниот просек, што укажува на натпросечни температури за овој период од годината.

Тоа практично значи порано раздвижување на природата, со стабилно и претежно суво време проследено со многу сончеви часови. Иако температурите ќе бидат повисоки од вообичаените, не се исклучуваат повремени врнежливи и нестабилни периоди.

Во однос на врнежите, прогнозите укажуваат дека тие ќе се движат околу просекот или малку под него, што укажува на посув и помирен март во споредба со некои претходни години.

Во следните денови, особено во Повардарието и југоисточните региони, температурите би можеле да достигнат и до 20 степени.

Сепак, бидејќи станува збор за месечна анализа, можни се отстапувања и корекции. За попрецизни информации, се препорачува следење на краткорочните прогнози, кои имаат значително поголема точност.

Тагови

Поврзани вести