Здравје
Природни третмани со лук против акни
два начини како да се ослободите од акните на природен начин со помош на природни третмани со лук против акни
Бидејќи сите ние различно реагираме на различните производи, не секој може да се ослободи од акните и митесерите на ист начин. Затоа, важно е да знаете дека има една намирница која во најголем број на случаеви е многу ефикасна, а таа намирница е секако добро познатиот и екстра лековит антибактериски лук!Еве домашни третмани за помош.
Домашен третман против акни со лук
Состојки:
- Лук
Начин на подготовка и употреба:
1. Најпрво исчистете неколку чешниња лук, измијте ги, па пресечете ги по должина.
2. Потоа, со парчето лук тријте го местото каде е акната за време од 1-2 минути.
3. После овој третман не мијте го лицето барем еден час, а потоа исплакнете го со млака вода.
4. Исто така, можете да исечете едно тенко парче лук и да го ставите дирекно врз акната, па да го прицврстите со помош на ханзапласт.
5. Резултатите треба да се забележат за многу кратко време, а за најдобар ефект третманот повторувајте го во рок од неколку дена.
Напомена: Доколку за време на овој третман почуствувате било какво пецкање или болка, отстранете го лукот од лицето, бидејќи лукот може да биде малку јак, па некои лица може да се преосетливи на него.
Третман за лице со лук и јаболкова киселина
Состојки:
- 7 чешниња лук
- 250 мл вода
- 1/3 лажица јаболкова киселина
Начин на подготовка и употреба:
1. Најпрво исчистете го и измијте го лукот.
2. Во сад турете вода и ставете го на шпорет, а откако ќе зоврие, во него додајте ги и чешнињата лук и јаболковата киселина.
3. Потоа тргнете го од оган, поклопете го со капак и оставете го околу еден час, па процедете ја течноста.
4. Со оваа смеса мијте го вашето лице или пак со помош на памук кој претходно сте го натопиле во неа, нанесете ја дирекно на акната.
5. Натопениот памук чувајте го прицврстен на акната додека се исуши.
Совет плус: Покрај овие третмани, со цел да ја прочистите вашата кож, се препорачува и да јадете по неколку чешниња лук на ден.