Природа

Природен феномен на Антарктикот

Метју Џордан, кој живее на Антарктикот поголемиот дел од годината, на социјалните мрежи сподели како изгледа полноќ на овие простори.

 

„Сонцето беше неверојатно убаво синоќа на полноќ. Само две недели не делат од почетокот на поларниот ден, што значи дека зајдисонцата и изгрејсонцето наскоро ќе завршат“, напиша тој.

Поларното денско или полноќно сонце е природен феномен кој се јавува северно од арктичкиот круг и јужно од антарктичкиот круг. За време на него, Сонцето е видливо 24 часа на ден.

Времето во кое Сонцето не заоѓа зависи од географската положба на местото и варира од 20 часа на самите кругови до 186 дена на половите. Спротивна појава е кога сонцето воопшто не изгрева, а се нарекува поларна ноќ.

„Наутичкиот самрак сега е најмрачен. Да го ставиме во перспектива, сега е посветло на полноќ отколку напладне сред зима… Каква разлика прават два месеци…“, објасни тој.

Тагови

Поврзани вести