Македонија
Препораката за затварање на очите неуспешна, нови дојави за бомби во скопски училишта
Откако владата препорача да се сменат мејловите како решение за дојавите за бомби, во училишта во Скопје утринава повторно има дојави за поставени експлозивни направи.
Така да тактиката на ноева глава, ставање на главата во песок не им успеа. Сега може да препорачаат во сите школи да им се покријат очите на на одговорните како не би гледале и така сигурно ќе го решат проблемот со дојави и веќе нема да ги има.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека има нови дојави за бомби, но повеќе детали најавуваат за подоцна.
Дојави за бомби во изминатите денови имаше во повеќето основни и средни училишта во Скопје. По предлог на Министерството за образование и наука, во оние училишта каде има дојави за бомби треба да се спроведува онлајн настава.