Патувања
Најубавото сместување во пештери
Еве ви неколку предлози:
Anitya Cave House, Кападокија
Куќата се наоѓа во срцето на Кападокија и е стара повеќе од 600 години. Има огромна тераса со прекрасен поглед на Угруп, опремена со турски чаеви, зачини и кафе за да имате поавтентично искуство.
Azalea Houses Cave, Грција
Ова е традиционална куќа за производство на вино, но е трансформирана во луксузен објект. Го има задржано автентичниот архитектонски стил. Има два ката и голема тераса со поглед на селото, виновите насади и Егејското море.
Loft Cave Sea Views, Гран Канарија
Оваа пештера има панорамски поглед на морето и планините кои ја опкружуваат. Има градина, тераса и базен, како и две спални соби, кујна и дневна соба.
Casa Santantonio, Санторини
Оваа куќа е дел од реновирана вила од осумнаесетти век која го има сочувано поголемиот дел од традиционалното архитектонско наследство и стил. Пештерата има две спални соби за пет души и летниковец со џакузи.
Ortahisar, Nevşehir, Турција
Сместена во Ортахисар, едно од најавтентичните села во Кападокија. Содржи приватен луксузен апартман и три двокреветни соби. Има голем двор со поглед на селото и стариот дворец.
Cuevo de Luja, Шпанија
Оваа пештерска куќа е модерно уредена. Се протега на два ката на кои има две спални соби, дневна соба, кујна и голема тераса со поглед на тврдината Алхамбра.
The Whale House, Санта Барбара, Калифорнија
Куќата е направена во 1978 година како спој на уметноста, природата и дизајнот. Надворешниот изглед потсетува на кит што било и инспирација за името. Висока е четири ката. На прв поглед делува како да е излезена од бајките и создадена за уживање.