Живот
Прашина од Азија доаѓа над Балканот, дали ќе биде погодена и Македонија?
![](https://i1.wp.com/ekobalans.mk/wp-content/uploads/2024/08/skopje-zagadeno-9-1-1024x683.jpg?fit=1024%2C683&ssl=1)
Антициклонот од Источна Европа има доминантно влијание врз времето на Балканот, а ќе има и количина на песок од Мала Азија, кој најпрво ќе го зафати Источниот Балкан, а до средината на неделата небото над Балканот ќе биде облачно.
Азискиот песок ќе ги зафати северните делови од Балканот, пред се Хрватска и Словенија, а ќе ја одмине Македонија.
Исто така студен нестабилен воздух од Атлантикот веќе навлезе во Европа, и истиот се движи од Алпите кон исток. Помала количина нестабилно време ќе ја заобиколува и преминува алпската бариера и ќе предизвика врнежи и грмежи.
Утре во планинските предели, особено на југот на земјата се очекува да има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Нестабилното време ќе продолжи и во текот на неделата, а се очекува во четврток и во петок на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.