Култура

Почнува фестивалот „Звукот на Скопје“

Носечката манифестација на Културно информативниот центар – Скопје „Звукот на Скопје“ оваа година ќе се случи повторно во формат на еднодневен скопски летен фестивал на отворено, на кој ќе настапат актуелни и свежи локални музички имиња. Програмата ќе биде збогатена со изложби и проекции на филмови, како дел од програмските активности на центарот.

„Звукот на Скопје“ значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснa во ново скопско музичко жариште. „Звукот на Скопје“ значи и свеж здив во жешкото и долго скопско лето и обид за заситување на културните потреби на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда. „Звукот на Скопје“ е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст.

„Звукот на Скопје“ ќе се одржи вечерва, и тоа во Кулпарк (пред КИЦ), Салон 19:19, и галериите на КИЦ (Империјал I, Империјал II и Продажен салон).

ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ фестивалска програма:

КОНЦЕРТИ Кулпарк (пред КИЦ), 21 часот

• ЗАРИНА ПРВАСЕВДА
• КАЛЕВАЛА

ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОВИ Салон 19:19, 20 часот
• „ Non-Aligned: Scenes from the Labudovic Reels“

ИЗЛОЖБИ Империјал I, Империјал II и Продажен салон, 20 часот

• „Портрети од темната комора“ изложба на фотографии од Зденко Петровски
• „Во разговор“ изложба на графики и слики од Петра Јовановска и Вит Павлик (Чешка)
• „Урбан пејзаж“ изложба на фотографии од Рафаел Ристовски

Фестивалот е поддржан од Град Скопје и Министерството за култура и туризам.

Тагови

Поврзани вести