Свет
Повеќе од 3 војници загинаа и многу повредени во напад во северен Израел
Четворица војници загинаа, а 58 се повредени во напад со беспилотно летало чија цел била воена база во северен Израел, соопштија израелските одбранбени сили.
Четворица војници загинаа, а 58 се повредени во напад со беспилотно летало чија цел била воена база во северен Израел, соопштија израелските одбранбени сили. Седум војници биле тешко повредени во нападот врз базата „во непосредна близина на Бињамина“ – град на околу 33 километри јужно од Хаифа.
Хезболах ја презеде одговорноста за нападот, чија цел беше камп за обука на бригадата Голани на ИД во областа, која се наоѓа меѓу Тел Авив и Хаифа. Канцеларијата за медиуми на вооружената група соопшти дека нападот бил одговор на израелските напади во јужен Либан и Бејрут во четвртокот.
Најмалку 20 лица, меѓу кои и деца, загинаа во израелски воздушен напад врз училиште, претворено во засолниште во централниот дел на Појасот Газа, соопштија локалните болници.
Во нападот синоќа во Нусеј-рат загинаа и две жени. Во училиштето беа сместени некои од многуте Палестинци раселени од повеќе од едногодишната војна во Газа.
Во израелските напади во Либан во саботата загинаа 51 лице, а ранети се уште 174.