Храна

Печурките природно содржат малку масти, холестерол и калории

Во 100 грама зготвени печурки има само 28 калории, 0 грама масти, 2 грама протеини, 5 грама јагленохидрати (2 грама влакна и 2 грама шеќер).

Истата количина печурки содржи 5 проценти од препорачаната дневна доза на витамин Д.

Едно истражување покажа дека со додавање на сушени печурки во исхраната ефикасно се зголемува нивото на витаминот Д во организмот.

Кога станува збор за минералите, печурките се најбогати со калиум (356 милиграми во 100 грамови), и железо (1,7 милиграми во 100 грамови).

И покрај тоа што постојат различни видови на печурки, поголемиот број содржат слична количина на хранливи материи, независно од обликот и големината.

Тагови

Поврзани вести