Настани

Панди нападнаа чуварка во зоолошка, посетителите врескаат во паника

Чуварка на зоолошката градина во градот Чонгкинг била нападната пред бројните посетители, кои испаничени врескале додека ја гледале драматичната сцена.

Жената влегла во куќиштето и две панди веднаш скокнале врз неа, ја собориле на земја и почнале да ја гризат. На видеото кое кружи по мрежите, можете да се види како се обидува да ги тргне животните од себе и да избегне повреди на нозете, рацете и телото.

Несреќната жена во еден момент успеала некако да стане, а една панда се засолнила на дрво. Друга панда ѝ скокнала одзади и изгледало како да ја гризе за вратот.

Потоа се појавил друг стражар кој и помогнал на колешката да се засолни. Пред животното да го најде својот пат, тие побегнале од заградениот простор, пишува Daily Mail.

Кинеските корисници на социјалните мрежи го коментираа инцидентот, при што еден напиша:

„Се чини дека чуварката била неискусна. Требаше веднаш да побегне, но реши да се обиде да ги спречи“.

Друг додаде: „Нивната сила е неверојатна. За среќа, чуварката на зоолошката градина е добро“.

Тагови

Поврзани вести