Вода
Охридскотo езеро е под закана од загадување
Охридското Езеро, светското наследство на УНЕСКО е изложено на ризик од загадување, прекумерен риболов и урбан развој, велат од телото на Обединетите нации и експертите, пренесе „Ројтерс“
Езерото, едно од најстарите во Европа кое датира од пред 3,5 милиони години, е дом на околу 200 уникатни видови, вклучувајќи и ретки сорти на пастрмка. Таа служи како значајна туристичка атракција и извор на приходи за Македонија и Албанија.
Во својот извештај за 2024 година претходно оваа година, УНЕСКО предупреди за развојот на недвижностите околу езерото и туризмот околу брегот.
„Состојбата на зачувување на имотот не се подобрува и нема позитивен тренд да почне да се враќа неговиот интегритет“, соопшти УНЕСКО.
Биологот, д-р Златко Лефков, изјави дека загадувањето „постојано се влошува“ и дека тоа им нанесува штета на автохтоните видови и биодиверзитетот на езерото.
Екологистите предупредуваат и дека реките што се влеваат во Охридското Езеро и помалите крајбрежни населби се постојан извор на загадување.