Култура
Откриени нови 168 пустински цртежи во Перу
Вештачката интелигенција ќе проба да ја разреши нерешливата мистерија ...Дроновите им овозможија на експертите да ги видат линиите на Наска со поголема јасност од кога било досега. Некои од информациите што ги собираат дури се анализирани со програми за вештачка интелигенција кои можат да издвојат различни модели побрзо и посигурно од човечкото око.
Истражувачите од јапонскиот Универзитет во Јамагата открија 168 нови геоглифи во пустината Наска во Перу со помош на дронови. Околу 50 од овие големи цртежи прикажуваат хуманоидни фигури, а другите се на птици, китови убијци, мачки и змии. Некои се само обични линии или трапезоидни цртежи.
Тешко е да се каже кога се создадени цртежите, но садовите од глина пронајдени покрај цртежите потекнуваат од периодот помеѓу 2 век п.н.е. и 2 век од нашата ера. Со најновите додатоци откриени од истражувачите од Универзитетот Јамагата, официјалниот број на познатите цртежи од Наска сега изнесува 358. Многу од старите цртежи се на рамен терен, што ги прави тешко да се најдат. Со оглед на тоа што линиите се создадени со отстранување на камења и остатоци за да се открие контрастната обоена почва одоздола, ерозијата само го отежнува нивното откривање. Во таков случај се користат дронови.