Природа
Опасно зголемен водостојот на Крива Река
РЦУК – Куманово, известува дека вчера на 112 во ЦУК е добиена пријава за нерасчистено речно корито при што на еден од мостовите во с. Опила во Општина Ранковце има насобрано гранки од дрва што ги донела поројната вода, и од зголемен водостој на речното корито на Крива Река постои опасност да поплави домови што се во близина на речното корито.
Од ЦУК се известени градоначалникот и контакт лицата од Општина Ранковце за настаната состојба. Повратно од Општина Ранковце известија дека во текот на денешниот ден ќе се расчистуваат насобраните гранки од мостот.