Свет
Од ОН велат дека има воено злосторство во војната во Газа
Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, гледа знаци на воени злосторства, а можеби и злосторства против човештвото во војната во Газа, јави ДПА.
Турк го наведува нападот врз Израел на 7 октомври, вклучително и неселективно пукање врз Израел, како и воената акција против цивилни објекти.
Тој за ДПА од Женева изјави „ако погледнете како реагираше Израел на нападот од 7 октомври, имам голема загриженост за почитувањето и на човековите права и на меѓународното хуманитарно право“.
Тој додаде дека 70 отсто од оние кои ги чувствуваат последиците од силните израелски бомбардирања се жени и малолетници.
-Може да се претпостави дека повеќето од повредените се цивили, изјави Австриецот за ДПАи додаде дека „натамошното колективното казнување на Палестинците е воено злосторство“.
Турк кажа и дека постојат индиции дека можеби биле извршени злосторства против човештвото.
-Со оглед на непропорционалните и многу тешки бомбардирања, во комбинација со недостатокот на ефикасна хуманитарна помош, постојат сериозни грижи што треба да се испитаат подетално, рече тој.