Свет

Од мај Македонците за влез во ЕУ ќе плаќаат 7 евра

Од мај следната година граѓаните на  Македонија, ќе треба да платат виза од седум евра за влез во Шенген зоната.

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Џонсон потврди дека Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS), според кој британските и другите граѓани ќе треба да аплицираат за укинување на визите пред да влезат во ЕУ, најверојатно ќе стапи на сила од мај следната година.

Системот ETIAS ќе бара од државјаните кои не се членки на ЕУ да аплицираат за патна дозвола од седум евра пред да влезат во Шенген зоната, која ги вклучува 27-те членки на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Дозволата ќе трае три години, односно до истекот на пасошот на патникот.

Патниците ќе треба да дадат лични податоци на интернет, како што се адреса и вработување, како и криминални досиеја и информации за контакт во земјата дестинација. Повеќето барања се очекува да бидат одобрени во рок од неколку минути, но некои одлуки може да потраат до 72 часа, пишува Гардијан, пренесува Анадолија.

 

Тагови

Поврзани вести