ВестиВоздухПрирода

Одгледан првиот зеленчук на Антарктикот

Научниците го одгледаа првиот зеленчук на Антарктикот без почва или сончева светлина

Научниците на германската “Неумаер станица III”, нè приближуваат чекор поблиски до земјоделство на друга планета, со нивниот успех да одгледаат неколку видови зеленчуци на Антарктикот – цели 3,6 килограми зелена салата, 18 краставици и 70 ротквици.

Уште подобро, според тимот, зеленчуците растени во лабораторија наречена EDEN-ISS, беа произведени без почва, дневна светлина или пестициди.

Наместо тоа, истражувачите користеле воден циклус за повеќекратна употреба и минерални хранливи раствори, додека го оптимизирале LED осветлувањето и внимателно го следеле нивото на јаглеродниот диоксид во собата – врз основа на метода позната како хидропоника.

Ова е само почеток на жетвата. Германскиот авиовселенски центар, кој го координира проектот, изјави дека до мај научниците се надеваат дека ќе собираат 4-5 килограми зеленчук неделно.

Овој проект се фокусира на производство на поширока мешавина, како што се ротквици, зелена салата, домати, краставици, пиперки, па дури и билки.

И тоа сето ова на Антарктикот. Со надворешни температури што паѓаат под -20 Целзиусови степени, прилично неверојатно е што истражувачите произведуваат толку широк спектар на овошје и зеленчук.

Тагови

Поврзани вести