Свет

Овој систем продуцира убијци: Пукање во училиште во Финска

„Полицијата е на лице место и врши увид. Се замолуваат граѓаните да бидат подалеку од областа и во затворен простор. Вратите не треба да се отвораат за странци“, се наведува во полициското соопштение.

Финската полиција соопшти дека денеска дошло до пукање во училиште во градот Ванта, во близина на Хелсинки.

Во инцидентот има повредени, а осомничениот за нападот е уапсен.

Пукање се случило во училиште во областа Виертола, во градот Ванта, соопшти финската полиција.

Полицијата го уапсила осомничениот за пукањето, а има и повредени, се додава во соопштението.

„Полицијата е на лице место и врши увид. Се замолуваат граѓаните да бидат подалеку од областа и во затворен простор. Вратите не треба да се отвораат за странци“, се наведува во полициското соопштение.

Ванта има околу 250.000 жители и е дел од пошироката област Хелсинки.

Финскиот јавен радиодифузен сервис Иле известува дека во училиштето работат околу 90 лица.

Очигледно е дека овој систем на неморал и деструкција почна да ги дава се повеќе своите високо негативни ефекти продуцирајќи убијци уште во најрана воздраст, овакви случаи порано можеше да се видат и чујат само од САД, но сега пристигна на голема врата насекаде Европа.

Тагови

Поврзани вести