Македонија
Обуки за реупотреба на стар мебел во Кавадарци
Во Кавадарци се одржа вториот циклус на обуки за реупотреба на стар мебел во Кавадарци, информираа од регионалното еколошко друштво, „Еко – живот“.
Целта на обуките е македонците да стекнат вештини за ракување со алат за мебел и да научат како стариот мебел да го претворат во нов, да искомбинираат две или повеќе парчиња стар мебел и да создадат нешто ново и корисно.
Обуките ги држат стручни лица од средното општинско земјоделско – шумарско училиште „Ѓорче Петров“ и експерти од нашата невладина организација, соопшти претседателот на „Еко – живот“, Роберто Паризов.
Тој упати апел до сите кавадарчани што се на возраст од 18 до 40 години, дека можат да се вклучат во обуките и да се стекнат со вештини, што подоцна можат да ги искористат при вработување или отворање на сопствен семеен бизнис.
Паризов исто така ги повика своите сограѓани, доколку имаат стари парчиња мебел што не им требаат, а коишто не сакаат да завршат на депонија, да ги донираат за реупотреба.