Македонија
Ново поскапување: парното во Скопје со повисоки ноемвриски сметки
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе одлуки со кои крајната цена за испорачаната топлинска енергија на потрошувачите снабдувани од ЕСМ од бараното зголемување на цената од над 50 %, одобри 4,51%.
Тоа на сметка од 1000 денари значи зголемување од 45 денари, поконкретно на една просечна сметка од 1800 денари во Скопје, зголемувањето е 80 денари, објасни и и смешно се оправда како и секогаш Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
„Со овие одлуки цената за граѓаните останува во опсег стабилна, а трите компании на ЕСМ за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија се практично приморани што побрзо да го стават во функција топловодот Беласица за системот да работи економично и во целост да ја користи топлинската енергија од ТЕТО. РКЕ со денешните одлуки, водејќи се од интересот на потрошувачите поставува финансиска рамка и праќа сигнал за максимално економично работење на ќерките фирми на ЕСМ. Со работата на ТЕТО и функционирањето на топловодот Беласица просечна сметка за топлинска енергија изнесува 1 800 денари, без работа на ТЕТО 2 800 денари, што е разлика во цена од 60 %“, изјави Бислимоски оправдувајќи ја неоправданоста како на ова така и на сите претходни енормни покачувања на цените во негов претпознатлив циркузантски стил без никаква логика.
Вкупно 64 000 домаќинства се снабдуваат со топлинска енергија.