Македонија
Новата учебна година започна, навремено се испорачани учебниците
Јаневска: За прв пат по седум години навремено се испорачани учебниците
На првиот училишен ден учебници ќе има секаде и за сите уверува министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Вели сите учебници кои се одобрени и испечатени веќе се испорачани. А за седмооодленците кои годинава ќе учат од стара програма Јаневска со документи во рацете прстот за тоа го впери во претходното раководство.
„Јавноста била манипулирана. Се тврдеше дека учебници за седмо одделение се одобрени и испечатени, вистината е дека од овие учебници за седмо, само 2 учебника, албански и турски јазик беа одобрени, додека за останатите, за дел ниту имало отпочната постпка за дел пак постапките не биле завршени….“- Весна Јаневска – министерка за образование и наука
Таа посочува дека едниствено со основно образование ќе недостасуваат учебници за странски јазиџи од 1 до 9то поради како што рече поништување на постпакта за јавна набавка од претходното раководство во МОН, за која во тек е жалбена фаза , по чие завршување најави повторно спроведување, кое вели ќе биде транспарентно и согласно сите законски процеси. За децата со попреченост ќе бидат ангажирани над 1000 образовни асистенти, а огласи за 820 се спроведени, и по завршување на постапката и тие ќе почнат со работа. Во 140 училишта во земјава ќе се одвива едносменска настава, но бројката може да се зголеми зависно од тоа што ќе покажат анализите на МОН. Иако министерката не откри кој, но сепак посочи дека во неколку училишта наставата ќе се одвива и онлајн.
„Онлајн настава ќе има за учениците од неколку училишта каде за жал, претходното раководство не исполнило одредени свои обврски, како навремено завршување на реконструкција или набавка на опрема, клупи и столчиња за учениците во одредени училишта.“ -Весна Јаневска – министерка за образование и наука
Учебната година за сите почнува утре на 2 септември и ќе трае до 10 јуни, исклучок според МОН се само учениците од завршните години во средно кои ќе имаат настава до 16 мај. Зимскиот одмор за учениците ќе започне на 31 декември, ќе заврши на 19 јануари. Летниот пак, започнува на 11 јуни, а завршува на 31 август. Пролетен распуст годинава нема да има.