Клима

Неколку лица исчезнаа во поплавите во Германија, во Баварија и денеска се очекуваат дождови и невреме

Неколку лица се водат како исчезнати во поплавите што го погодија југот на Германија, а меѓу нив е и 22-годишен пожарникар во градот Офинген во сојузната покраина Баден-Виртемберг, кој е осомничен дека се давел.

Досега, како што беше најавено вчера, најмалку пет лица загинаа во поплавите, а германската метеоролошка служба (DWD) објави дека денеска и утре се очекуваат нови врнежи и невреме во Баварија, додека пообилни врнежи најверојатно ќе го зафатат само источниот дел на Алпите, пренесува Tageschau.

Нивото на водата постепено опаѓа во некои делови на јужна Германија, но ситуацијата е се уште сериозна, особено во Баварија покрај Дунав каде нивото на водата сѐ уште е високо.

Тагови

Поврзани вести