Македонија

Невреме во јужна Македонија – надојдени реки и блокирани патишта

Одрони, надојдени реки и блокирани патишта донесе новото невреме во јужниот дел на Македонија, а проблемите се поинтензивни во планинските области.

Поради опасност од лизгање на земјиштето, жителите на мало планинско село беа превентивно евакуирани, додека пак на југот на Македонија, односно во Лерин се урна дел од патот.

Новото невреме кое од западна Европа го зафати и јужниот дел од Македонија и донесе обилни врнежи од дожд и силен ветер, а прогнозите се дека во Егејското море брановите ќе надминат четири метри.

Поради силниот ветер, проблеми има и во бродскиот сообраќај, со забрана за пловидба на одредени  пристаништа во Егејско и Јонско Море.

Тагови

Поврзани вести