Македонија
На патот Скопје – Тетово намалена видливост од 100 до 150 метри поради магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патниот правец Скопје – Тетово.
Сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.



