Свет

Тешка еко катастрофа во фалената нај еколошка земја Данска- се движи свлечиште со милиони тони отпад

Свлечиштето полека се движи кон Олсту, село со 400 жители јужно од Рандерс во Јитланд, откако земјата почна да се поместува во блискиот објект, управуван од Nordic Waste. Поради свлечиште се урнаа зградите на тој погон, пишува Гардијан.Луѓето во данското село Олсту живеат во страв дека нивните домови ќе бидат затрупани од лизгање на контаминирана почва во една од најлошите еколошки катастрофи во историјата на Данска.

Се верува дека најмалку 2 милиони тони загадена почва се движат по 2 метри дневно. Досега свлечиштето се движело по 9 метри дневно. Се стравува дека загадената почва би можела да ја загади реката Алинг. Ова се случува во една од најфалените т.н. еколошко свесни земји во светот, очигледно дека тоа било само пропаганда и голема лага.

Извештајот на Геолошкиот институт на Данска и Гренланд (GEUS) за свлечиштето, кој предизвика бес низ Данска, покажал дека лизгањето на земјиштето било предизвикано од човечка, а не природна активност. Во почвата имало и материјал од Норвешка.

Трошоците за чистење се очекува да достигнат 205 милиони дански круни (околу 27,50 милиони евра) во следните шест месеци и на крајот би можеле да достигнат неколку милијарди.

Nordic Waste, чиј слоган е „Да ѝ дадеме нов живот на Земјата“, прогласи банкрот минатата недела. „За жал, свлечиштето достигнало такви размери што ние како компанија не сме во можност да ја преземеме задачата да се бориме со него“, соопштија од „Нордик отпад“.

Рене Молер Ларсен, чиј бизнис се наоѓа на 500 метри по ридот од свлечиштето, рече дека заедницата е загрижена и потресена од инцидентот. Ларсен живее во таа област со децении.

„Луѓето се шокирани. Свлечиштето и остатоците во него се движеа многу брзо. Најлошо е што оди кон селото. Брзината на свлечиштето е намалена, но верувам дека ќе поминат месеци пред целосниот удар на овој инцидент да стане видлив. Која е поентата да се однесе ѓубрето во Данска? Сѐ е до парите“, изјави Ларсен за Гардијан.

Во Данска се шпекулира дека лизгањето на земјиштето е предизвикано од неодамнешниот силен дожд. Сепак, Кристијан Свенневиг, постар истражувач во GEUS и еден од авторите на извештајот за катастрофата, рече дека се пронајдени докази за свлечиштето кои датираат од 2021 година. Тој вели дека свлечиштето растело, а минатиот месец станало јасно дека неволјата доаѓа .

„Она што го заклучивме е дека тоа не е природен феномен, тоа е феномен направен од човекот и дека климатските промени не се виновни. Во основа, контаминираната почва почна да се лизга и тоа се случи во релативно сушните години 2021 и 2022 година. Природните свлечишта не се случуваат за време на сушната сезона“, рече Свенневиг.

Иако некои од најнепосредните опасности се ублажени, милиони тони загадена почва сè уште се во движење, а сè уште не е сигурно колку брзо се движи или колку далеку ќе патува. Данскиот министер за животна средина Магнус Хеунике вели дека катастрофата се уште е во „акутна фаза“.

Свенневиг изјави за Гардијан дека создавањето на компјутерски модел на лизгање на земјиштето ќе помогне подобро да се ограничи неговата идна траекторија и да се спречи оваа катастрофа да се развива, а Екобаланс се прашува како може да помогне компјутерски модел?

Очигледно дека во кралството Данска се прикриваат вистинските еколошки проблеми со евтина пропаганда од типот данците возат велосипеди и не користат автообили без да се даде објаснување зашто е тоа така. Имено во кралството Данска има највисоки даноци во светот, па така меѓу другото билет за превоз во Копенхаген во еден правец чини 5 евра, паркинг е од 20 до 39 евра час, регистрација и осигурување е околу 5000 евра…итн, а последователно на ова најголем процент од населението е сиромашно и е присилено да вози велосипед дури и во екстреми климатски услови какви што се во кралството Данска.

Тагови

Поврзани вести