Живот

Научници од Данска претвораат медицински ракавици во материјал што врзува CO₂

Гумените ракавици кои се користат во медицината се направени од материјал кој не може да се рециклира ниту повторно да се искористи, а сите се фрлаат по само една употреба, што генерира огромни количини отпад. Сепак, најновите лабораториски експерименти укажуваат на тоа дека тој материјал би можел да се користи за зафаќање на CO2. Истражувачите од Универзитетот во Орхус во Данска, тврдат дека успеале да претворат употребени ракавици во цврст материјал кој зафаќа CO2, а може да се користи повеќе пати.
Зафаќањето и складирањето на CO2 (carbon capture and storage – CCS) се смета за незаобиколно решение за ублажување на климатските промени предизвикани од активностите на човекот, истакнуваат истражувачите. „Во нашите експерименти ракавицата сме ја конвертирале на начин да може да врзува CO2, наместо да стане отпад“, велат од истражувачиот тим. Првиот чекор е механичко ситнење на ракавицата, но главната работа е задача на хемијата – додавање на водород и катализатор на база на рутениум. Сепак, засега резултатите се ограничени на ниво на лабораторија. Пошироката мисија на овие научници е да пронајдат решенија за материјалите кои не можат да се рециклираат.

Тагови

Поврзани вести