Македонија

Наместо директорот, во полиција повикан претседателот на Синдикатот на котрола на летање

Полицијата демантира дека претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски, бил приведен. Според нив, постапувајќи по пријава дека се заканувал на директорите, бил повикан на разговор.

 

„Министерството за внатрешни работи постапува како и секогаш, согласно законските обврски. Секогаш кога ќе биде поднесена пријава од граѓанин за заканување или заплашување, МВР го поканува лицето против кое е поднесена пријава за да се изврши службен разговор. Тоа е направено и во конкретниот случај. По добиената пријава од Ф.Х. и Д.Х., раководни лица во МНАВ за испратени закани по меил од страна на А.Т., извршена е консултација со јавен обвинител, по што е направен записник за примање пријава“, велат од МВР.

Според нив, ,а 3 јануари 2024 со покана е повикан Александар Тасевски и со него е извршен службен разговор.

Така наместо да се повика во полиција директорот на М-НАВ кој е директен учесник во загрозување на безбедноста на граѓаните и за непочитување на нормите и стандардите за работа истиот оваа инсталирана и наметната власт однадвор го направи жртва и невин човек.

Тагови

Поврзани вести