Македонија
Над 230 000 граѓани гласале до 11 часот
229.473 граѓани го оствариле своето право на глас до 11 часот. Според пресекот на ДИК, по обработени 98,98 отсто од изборните места, излезноста во 11 часот е 12,78 отсто. Проценката е дека со обработени 100 отсто од гласовите таа бројка ќе биде над 230 000 гласачи
Во Крива Паланка е најголема излезноста – 24,50% , Демир Капија излезноста е 23,99%, во Градско излезноста е 20,67%.
Денеска Македонија гласа за нов претседател на Македонија. Се бира помеѓу 7 кандидати. Доколку никој не освои над 51 отсто од вкупниот број гласачи, на 8 мај се гласа повторно. Во втор круг влегуваат двајцата кандидати кои освоиле најголем број гласови во првиот круг. Вкупен број на избирачи во избирачкиот список е 1.814.317