Македонија
Мeтео: Под нулата и утрово во Македонија, најмногу дожд наврна во Крива Паланка
Минусни температури имаше и утрово во земјава, претежно во високите места. -5 степени беше на Попова Шапка, додека во Маврово, Лазарополе и Крушево -2. Нула степени беше во Виница, Берово и Крива Паланка.
Во изминатото деноноќие наврна најмногу дожд во Крива Паланка, 12 литри во метар квадратен, а врнежи со послаб интензитет имаше и во Штип, Виница, Велес, Кавадарци, Крушево, Демир Капија и Берово.
Времето денеска ќе биде облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Во Скопје облачно со максимална температура од 10 степени.