Македонија

Мицкоски за средбата со Орбан: Стратешко сојузништво

Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Виктор Орбан. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка, напиша премиерот на Македонија Христијан Мицкоски по средбата со премиерто на Унгарија Виктор Орбан.

Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво.

Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција“, напиша на својот фејсбук-профил Мицкоски.

Тагови

Поврзани вести