Клима
Метео: Студен бран од североисток носи нагло заладување од наредната недела

Од почетокот на следната недела, поточно од понеделник (9.02), Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, ќе влезе под влијание на значително постудена воздушна маса од североисток.
Се очекува забележлив пад на температурите, придружен со умерен до засилен северен и североисточен ветер, што ќе придонесе чувството на студ да биде уште поизразено.
Утринските температури ќе се спуштаат значително, а на планинските предели постои можност за појава на снег. Локално, слаби снежни врнежи не се исклучени и во дел од пониските места, но состојбата ќе се следи дополнително.
Најизразено заладувањето ќе се почувствува во втората половина од неделата, а прогнозата ќе се ажурира согласно поновите метеоролошки податоци.
Скопје: Со продорот на студениот воздух од понеделник се очекува опаѓање на температурите и засилен северен ветер. Локално може да има слаби врнежи, а ќе се следи и можноста за краткотрајно провејување на снег.



